Новости

Психологија

5 Фрази кои можат да значат повеќе од клишето ,,Те сакам!”

,,Те сакам – зборови по кои полудува целиот свет. Ние сакаме да сакаме и се разбира, да бидеме сакани! Но, дали е тој најзначајниот термин или можеби има и некои други реченици кои треба да ги кажуваме почесто и кои ќе ја избегнат рутината на ова клише! Во продилжение погледнете кои се другите фрази кои можат да имаат исто толку голема важност.

Ти простувам! – Опростувањето значи ослободување од грижите кои не мачат самите нас. ,,Дали ќе го направи повторно тоа? Би ме повредил/а ли повторно?” се едни од многуте прашања во случај кога за момент е разнишана довербата. Но, опростувањето е чекор напред. Опростувањето е поддршка и знак дека верувате во вашиот партнер и во вашата љубов!

Извини! – Понекогаш е полесно да се каже ,,Те сакам” од навика, отколку ,,извини” . Но, ако го сакате вашиот партнер, тоа и не би требало да биде толку тешко нели?

Ти се восхитувам! – Восхитот е дел од љубовта. Всушност и токму затоа сте го одбрале вашиот партнер! Затоа што му се восхитувате односно знаете дека е вашата подобра половина!

Те поддржувам! – Тоа не е комплимент, тоа е знак на посветеност и повторно и одново верување во вас двајца.

Те почитувам! – Почитта е составен дел од сакањето. Штом го почитувате партнерот, не би го повредиле и изразувате поддршка за сите негови дела и постапки.

Не велиме дека после ова, не треба да кажувате ,,Те сакам”, но потрудете се да ја изразите љубовта од сите аспекти и кажувајте му на партнерот дека ви значи.

Евротип
Евротип
To Top