Новости

Психологија

6 Начини како да се изборите со стресот во денешнава актуелна ситуација!

Несомнено ова е можеби најстресниот период кој некогаш сме го имале. Ситуацијата со пандемијата, постојаното слушање на вести, достапноста на социјалните мрежи и безграничноста на се она што е добро и лошо, говорот на омраза, падот на економијата и да не должиме… Сите овие нешта се едни од виновниците за кои колку и да се борите, сепак се чувствувате лошо и под притисок.

Победете го стресот со постојано вежбање.

Најпрво зборуваме за психичко или мнталното вежбање на умот и позитивната афирмација, а потоа би ја додале физичката активност која добро знаеме дека го крева серотонинот и го подобрува расположението.

Редовен сон и перцепирајте ги само убавите нешта!

Не се откажувајте од оваа борба! Станувајте со позитивна мисла, заспивајте со насмевка. Можеби на почетокот тоа ќе ви звучи премногу тешко, но со константно вежбање и упорност, ќе го победите стресот.

Исклучете го телевизорот и заборавете на вестите!

Избришете ги лошите мисли, пуштајте музика, мирисијте убави миризби. Внесете цвеќиња во домот и избегнувајте соочување со ,,денешната реалност”, која постојано го повторува истото, дека е лошо.

Не ги заборавајте пријателите!

И покрај тоа што е оневозможен физичкиот контакт, сепак тука е бенефитот на виртуелната ралност. Контактирајте со вашите пријатели и не ги заборавајте. Одржувајте ја врската без оглед на ситуацијата.

Чувајте се!

Чувајте се! Не само од вирусот, туку и чувајте го менталното здравје. Бидете упорни и со сила ставете насмевка на вашето лице, која подоцна ќе му стане навика на умот и цел тој процес на позитивно и оптимистичко расположение, ќе прерасне во ваш животен стил.

Реновирајте го домот!

Извадете ги работите од домот кои ви пречат и кои ви предизвикуваат било каква неугодност. Гледајте го она што ви годи, слушајте го она што ви се допаѓа, допрете го убавото и бидете упорни!

Оваа борба од секогаш постоела, но сега е малку повеќе изрекламирана.

GOLD
To Top