Новости

Технологија

Ја користите FaceApp? Штотуку за евтини пари ги продадовте своите податоци и фотографии

Во последните неколку дена, социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои корисниците се преку апликацијата FaceApp се претвораат в постарата верзија од себеси. FaceApp е популарен не само кај обичните корисници, туку и кај познатите личности.

 

Но, зад апликацијата која, на прв поглед, е дизајнирана само за забава, се крие мрачна страна.

Адвокатот Елизабет Потс Вајнштајн на Твитер предупреди за условите за користење на апликацијата во која ги нашла загрижувачките информации.

Секој кој ја инсталира апликацијата и ги прифаќа условите за користење на FaceApp, дава „постојана, неотповиклива, слободна и светска” дозвола за “користење, репродукција, менување, прилагодување, објавување, преведување и креирање на други делови” на вашата содржина.

Во превод, корисниците дадоа дозвола FaceApp да ги користи нивните фотографии, име и презиме, корисничко име и сè друго што им треба, вклучувајќи и реклами.

Дополнително, фактот дека апликацијата FaceApp е направена во Русија, што значи дека сите податоци се испратени во Русија, корисниците треба да бидат вознемирени. Имено, зад апликацијата која е достапна од 2017 година е Јарослав Гончаров, поранешен инженер на Microsoft и Yandex.

GOLD
To Top