Новости

Технологија

„Џимејл“ ќе воведе нова опција која ќе ви се допадне

Корисниците на „Џимејл“ долго време чекаа на опцијата за закажување на испраќањето пораки, што би било олеснителна околност за многумина.

Најновиот апдејт на „Џимејл“ за андроид-уредите вклучува и опција за закажување на испраќањето на пораките. Така, отсега ќе можете да го одложите испраќањето за десет минути или десет дена.

Покрај оваа опција, на корисниците ќе им биде овозможено и откажување на испраќањето на закажаната порака. Исто така, закажаните пораки ќе бидат испратени и кога нема да се онлајн или доколку ви се испразни батеријата на телефонот.

Ова не е првпат да се зборува за оваа можност на „Џимејл“. Кон средината на минатата година имаше одредени вести дека оваа опција ќе почне да функционира, а сега таа е сè поблиску до корисниците.

Според одредени медиуми, постои можност „Гугл“ да ја воведе оваа функција на „Џимејл“ за 15. роденден, кој го одбележува следниот месец.

GOLD
To Top