Новости

Технологија

Ако ги имате овие лозинки на социјалните мрежи, веднаш променете ги

Британскиот национален центар за сајбер безбедност утврдил дека корисниците на своите интернет профили најчесто како лозинки ја користат низата броеви 123456, што воедно е и лозинка која е најлесно да се открие. 

Дури и кога станува збор за профил од електронска пошта кој не се користи и не е важен, за напаѓачот може да биде злато вреден. Благодарение на информациите од тој профил, хакерите можат да ги откријат лозинките од останатите профили и да ги злоупотребат.

Целта на истражувањето кое го направил британскиот Национален центар за Сајбер безбедност била кревање на свеста и едукацијата на корисниците за што подобро да ги заштитат своите лични податоци.

Истражувачите ги анализирале сите компромитирани профили за да утврдат кои зборови, изрази и низи најчесто се повторуваат во лозинките.

На врвот на листата се нашла низата 123456, која е пронајдена во 23 милиони лозинки. На второ место е 123456789, која не е ништо потешко да се дешифрира. Во првите пет на листата се нашле и “qwerty”, првите шест типки на тастатурата, “password” и 111111.

Британците често ги користат и имињата на своите омилени фудбалски клубови, така што на првите две места се нашле Ливерпул и Челзи. Од музичарите на прво место се нашол поп-рок бендот “Blink-182”, а најчести имиња се Ешли, Мичел, Даниел, Џесика и Чарли.

Директорот на Националниот центар, Јан Леви, нагласува дека луѓето кои користат вообичаени фрази и познати зборови и имиња како лозинки се доведуваат себеси во опасност да бидат хакирани.

“Никој не би требало своите важни и чувствителни податоци да ги штити со лозинки кои се кој може да ги погоди, како што се сопственото име, локален фудбалски клуб или омилен бенд”, вели Леви.

Експертот за безбедност, Трој Хант, кој одржува база на компромитирани профили, нагласува дека изборот на добро лозинки е најголема заштита која можеме да си ја обезбедиме на интернет.

Истражувачите направиле и анкета за тоа какви се безбедносните навики и стравови на корисниците на Интернет.

Утврдено било дека 42 проценти од луѓето стравуваат дека ќе останат без пари поради некоја он-лајн измама и само 15 проценти мислат дека знаат доволно како да се заштитат на мрежата.

Покрај тоа, се воспоставило дека помалку од половина од испитаниците на својот профил користат лозинки кои е тешко да се дешифрираат.

 

GOLD
To Top