Новости

Технологија

Безбедното отстранување на USB стиковите од компјутерот е беспотребно

Заборавете на советите на сите технолошки експерти за тоа како е важно да користите “Safety Remove”, односно безбедно отстранување на USB стиковите и уредите од вашиот компјутер, затоа што оф Мајкрософт потврдија дека повеќе нема потреба за такво нешто.

Имено, од Мајкрософт потврдија дека кога станува збор за оперативниот систем Windows 10, повеќе не мора да се грижите за тоа.

Windows 10 има опција наречена „брзо отстранување“ која на корисниците им овозможува во било кој момент да го „повлечат“ USB-то од компјутерот.

Технички, од Мајкрософт ја воведоа оваа опција кон крајот на минатата година кога се појави новата верзија на Windows 10. Корисниците беа известени дека со новата опција, нема да има потреба повеќе безбедно да го отстрануваат USB-то, но и натаму има корисници кои што го прават тоа.

Поради тоа, од Мајкрософт соопштија дека ставиле заштита за меморијата на USB стикот да биде безбедна.

Сепак, оперативниот систем и натаму ја има опцијата за „безбедно отстранување“, па може да се каже дека тоа ги буни корисниците.

Извор: tocka.com.mk

GOLD
To Top