Новости

Технологија

(Видео) 5G технологија во возилата за брза помош – иднината во итната медицинска помош пристигна во Кина

Во болницата во провинцијата Сичуан во југоисточна Кина започна првиот кинески 5G систем за спасување во случај на вонредни состојби. На овој начин, помошта кон повредените и болните ќе биде побрза и подобра.

Инсталиран во службата за итна помош во Провинциската народна болница во Сичуан, системот преку 5G мрежата овозможува брз трансфер на голем број медицински слики со висока дефиниција во болницата.

На овој начин, рендгенските и ултразвучните снимки направени во амбулантните возила, нема да бидат избришани или изгубени во процесот на преносот.

И можноста за поставување на погрешна дијагноза е минимизирана. Возилото, исто така, има панорамски фотоапарати со висока дефиниција, заедно со очила за VR, за лекарите кои поставуваат далечни дијагнози од болниците.

“Во системот е инсталирана опрема, како што е се-во-едно машина и апарат за дишење. Практично, нашето возило е претворено во мала мобилна единица за интензивна нега. Пациентите можат да добијат најдобар третман и грижа во него “, вели Џијанг Хуа, заменик-директор на Центарот за вонредни состојби во Народната болница во провинцијата Сичуан.

Експертите велат дека, покрај здравството, во блиска иднина технологијата 5G ќе биде дополнително интегрирана во транспортот, логистиката и изградба на „паметни“ градови.

 

GOLD
To Top