Новости

Технологија

Дали сте зависни од вакво „губење време“?

Во САД неодамна беше спроведено истражување во однос на корисници на социјалните мрежи, кое покажа некои интересни трендови и односот на Американците кон најпознатите мрежи и технологии. Резултатите од истражувањето, кое го спроведоа NBC News и The Wall Street Journal, покажаа дека Марк Цукеберг не ја исполнил својата мисија кога минатата година најави дека целта на Facebook, па и по цена на губење на корисниците, односно намалување на времето кое го поминуваат на мрежата, ќе биде ориентација на корисниците и нивната блиска поврзаност со други корисници и пријатели на Facebook.

Имено, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека социјалните мрежи влијаат на раздвојување, наместо на поврзување на луѓето и дека преку социјалните мрежи се шират лаги наместо вистинити информации, а повеќе од 60% од нив не му веруваат на Марк Цукерберг ни на Facebook кога е во прашање заштитата на податоците.

После турбулентната година за Facebook, не можеме ни да очекуваме поинакви резултати. Односот кон Facebook, Twitter, Instagram, Snapchat итн се разликува кога се во прашање помладите корисници и помал број од нив веруваат дека социјалните мрежи ги раздвојуваат луѓето и дека преку нив се шират невистини. Можеби најинтересен дел од истражувањето е мислењето за социјалните мрежи и губењето време. 82% од испитаниците сметаат дека социјалните мрежи се насочени на губење време на корисниците, додека само 15% од нив заклучиле дека времето поминато на Facebook, Twitter и на другите мрежи е корисно.

Но, без оглед на тоа што најголем дел од луѓето во светот се свесни дека само губат време на социјалните мрежи кое инаку би го потрошиле покорисно, речиси 70% од нив ги користат социјалните мрежи најмалку еднаш дневно.

Иако немаат најдобро мислење за социјалните мрежи, Американците општо имаат позитивен став кон технологијата и речиси 60% од испитаниците сметаат дека технолгијата носи повеќе предности во споредба со негативните страни./Inovativnost

GOLD
To Top