Новости

Технологија

Еве како изгледа новиот Galaxy Watch Active 2

Познато е дека Galaxy 10 Note ќе биде претставен на евентот на Samsung – Unpacked, а сега се појавија информации дека ќе биде претставен и новиот паметен часовник на јужнокорејската компанија.

Првите фотографии на новиот Galaxy Watch Active 2 на Samsung се појавија на интернет. Станува збор за наследникот на минатогодишната верзија на паметниот часовник која беше претставена во март.

Новиот Galaxy Watch Active 2 ќе има рабови околу екранот чувствителни на допир, кои ќе овозможат лесно навигирање низ менито. Се очекува новиот паметен часовник на Samsung да биде опремен и со „ЕКГ“ технологија за следење на работата на срцето.

Новиот паметен часовник ќе биде достапен во две големини, од 40 и 44 милиметри, а купувачите ќе можат да купат и LTE верзија.

Од Samsung наводно планираат новиот Galaxy Watch Active 2 да го претстават заедно со Galaxy 10 Note идниот месец.

GOLD
To Top