Новости

Технологија

Епл ќе му плати голема сума на тинејџерот кој го откри проблемот со FaceTime

Проблемот со FaceTime се појави кога тинејџери планирале Fortnite стратегии и тогаш 14 годишен Американец го открил безбедносниот недостаток во системот за видео повик на Apple.
Епл не ја открива точната сума која ќе му ја даде на 14-годишниот Грант Томпсон, но се верува дека му дале пари доволни за да си го плати образованието.Тинејџерот пронајде грешка така што дека накратко можеше да се прислушуваат разговорите на примателите на групен FaceTime повик.

Apple сметаше дека проблемот е толку сериозен што ја оневозможи функцијата FaceTime за групни повици додека не ја поправи.

Тинејџерот го открил проблемот кога го користел FaceTime за да разговара за стратегиите за играта Fortnite со пријателите.

Покрај тоа, Епл ги повикува експертите за безбедност да учествуваат во програмата со која плаќа до 200.000 долари за отстранување на најсериозните грешки.

GOLD
To Top