Новости

Технологија

Закерберг откри дека во Facebook скандалот биле загрозени и негови податоци

Основачот и директорот на Facebook, Марк Закерберг, во текот на вториот ден од сведочењето пред американскиот Конгрес откри дека во скандалот кој се однесува за злоупотреба на податоци на корисниците на социјалните мрежи, биле собрани и загрозени и неговите лични податоци.

33-годишниот Закерберг и Facebook се во центарот на неколку скандали кои се поврзани со споделување на податоци на корисниците на оваа социјална мрежа, поради што тој одговара пред Конгресот.

Конгресменот Ана Ешо, која ја претставува Силициумската долина, за време на вториот ден од испитувањето, го запраша Закерберг дали трета страна, како консултантската компанија Cambridge Analytica, ги собирала и користела неговите податоци, а тој даде потврден одговор на тоа.

Исто така, тој порано призна дека Facebook не ја известил Федералната комисија за трговија, кога уште во 2015 година е откриено дека Cambridge Analytica собира податоци од корисниците.

Конгресмените му поставуваа најразлични прашања на Закерберг во врска со приватност, надзор, цензура и политика, а во главно бараа само одговори со „да“ или „не“, со што основачот на Facebook имаше проблеми, тој се обидуваше да се објасни, а и често се извинуваше поради пропусти.

GOLD
To Top