Новости

Технологија

Започна продажбата на црвениот Galaxy S10 и S10 Plus

Тоа за што во изминатиот период се шпекулираше, сега се покажа како точно – Самсунг започнува со продажба на Galaxy S10 и S10 Plus со нова, црвена боја.

Станува збор за “Cardinal” црвена боја во која веќе се достапни најновите модели од Galaxy S серијата на Самсунг. Засега овие телефони може да се купат само на пазарот во Швајцарија, но секако, црвените Galaxy S10 и S10 Plus ќе бидат достапни и во другите земји.

Самсунг често ги пласира своите уреди со одредени бои на ограничени пазари, но според гласините, црвените Galaxy S10 и S10 Plus ќе бидат достапни и во земјите на Западна Европа и Русија.

Моделот во “Cardinal” црвена боја доаѓа со 128 GB интерна меморија, без оглед дали станува збор за Galaxy S10 или S10 Plus моделот. Доколку ви е потребна повеќе меморија, тогаш веројатно ќе треба да изберете некоја друга боја.

GOLD
To Top