Новости

Технологија

Заштита од педофили: YouTube воведува забрана на коментирање детски видеа

YouTube најави дека наскоро ќе забрани коментирање на сите видео содржини на кои се појавуваат деца и малолетници, со цел подобро да се заштитат децата и семејствата од педофили.

Неколку брендови престанаа да се рекламираат на YouTube откако открија дека на видео снимки со деца, педофили оставаат пораки и ги врбуваат децата. Претходно YouTube оневозможи коментари на видеозаписи кои привлекуваа предаторски коментари, но сега одлучи да го забрани коментирањето на сите содржини со малолетници.

Оваа одлука треба да стапи во сила за неколку месеци. По реакција на педофилските коментари и прием на жалби, од YouTube ги отстранија тие коментари и ги блокираа корисниците кои ги оставаа, но тоа не беше доволно за да ги спречи таквите коментари.

Во иднина, забраната ќе функционира така што се подразбира автоматска забрана на коментари на видео снимки со деца и малолетници.

Сервисот ќе користи алгоритами за автоматска детекција на снимки со деца.

GOLD
To Top