Новости

Технологија

Инстаграм воведе пренос во живо и приватни пораки кои се самоуништуваат

Социјалната мрежа за споделување на фотографии и видеа Instagram постојано ја надополнува својата палета на функции кои им ги нуди на своите корисници.

По воведување на видеo пренос во живо, кои потсеќаат на веќе постоечката опција на Фејсбук, деновиве воведоа и нова опција, односно приватни пораки кои исчезнуваат.

Првата опција и не е толку зачудувачка, затоа што станува за опција којашто има голем подем на Фејсбук, компанијата која го поседува Инстаграм, додека втората опција неодоливо многу потсеќа на популарната апликација Снепчет.

Опцијата за испраќање приватни пораки ќе биде овозможена преку приватните пораки.

– Сега можете да испраќате што ќе посакате – од внатрешни шеги до вашето најлошо селфи. За разлика од директните пораки, овие фотографии и видеа ќе исчезнат откако вашите пријатели ќе ги видат. А, ќе добиете и порака доколку тие направиле скриншот – се вели во соопштението на Инстаграм.

Според Инстаграм, опцијата за приватните пораки започнала во понеделникот, додека опцијата за пренос во живо ќе се надградува кај корисниците од целиот свет во текот на наредните неколку недели.

GOLD
To Top