Новости

Технологија

Инстаграм „падна“ од сè уште необјаснети причини

Милиони корисници на Инстаграм низ целиот свет не можат да ја користат ашликацијата за споделување фотографии откако ненадејниот прекин кој ја стави услугата надвор од употреба, пренесува РТ.

Извештаите дека Инстаграм е недостапен почнаа да пристигнува во 7:20 часот по источно време во САД, но мапата покажува недостапност на услугата и во двете Америки, Европа и во Австралија, пренесува веб-страницата DownDetector.

Иако Инстаграм се уште е достапен за некои корисници, апликацијата не ги обновува информациите, не испраќа или прима пораки или не објавува фотографии. Корисниците се префрлија на други социјални мрежи, како Твитер, споделувајќи ги своите искуства под хаштагот #Instagramdown.

„Свесни сме дека поради некој проблем Инстаграм е недостапен за некои корисници, но работиме на тоа брзо да го решиме проблемот “, рече портпаролот на Инстаграм

Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, не даде објаснување за претходните два големи прекини, во ноември и октомври минатата година.

GOLD
To Top