СОФТВЕР

Испраќајте пораки од вашиот компјутер со Android Messages

20. ЈУНИ 2018 – 14:37 | К.З.

Почнувајќи од вчера, Google ви нуди нова опција за комуницирање со пријателите и тоа од вашиот компјутер преку апликацијата Android Messages. Со неа ќе имате можност да го продолжите разговорот било кога, било каде.

Android Messages ќе ви овозможи да праќате пораки преку компјутер, но и преку iOS уредите како iPhone и iPad, со едноставно отворање на Safari пребарувачот.

За да испраќате пораки преку интернет ќе мора да ја наместите Android Messages како главна апликација за допишување на вашиот телефон бидејќи таа нема да работи заедно со, да речеме, апликацијата за допишување на Samsung. Почетокот многу ветува и јасно се гледа намерата на Google да ја направи оваа алатка една од незаменливите во Android уредите.

Откако го разјаснивме ова, ако сакате да ги користите можностите и придобивките од Android Messages ќе треба да ги направите следните чекори:

– инсталирајте ја последната верзија на Android Messages на вашиот телефон

– одете на messages.android.com на вашиот компјутер или било кој друг уред од кој сакате да ја испратите пораката. На десната половина од страницата ќе видите QR код.

– отворете ја Android Messages апликацијата на вашиот смартфон. Отворете ја иконата со три вертикални точки која се наоѓа во десниот горен агол од екранот. Би требало да се отвори опција Messages for the web. Ако таа не ви се отвора, тогаш ќе треба да почекате бидејќи Google ја имплементира оваа опција постепено во текот на оваа недела.

– отидете на опцијата Scan QR код и насочете ја камерата од вашиот смартфон кон QR кодот на другиот уред. За помалку од две секунди, вашиот телефон ќе завибрира и двата уреди ќе се поврзат. Ќе ја видите конверзацијата на левата страна од екранот на другиот уред. Од Google велат дека контактите, нишките до разговори и останатите нагодувања ќе бидат енкриптирани.*

* тоа не значи дека разговорите ќе бидат енкриптирани, туку само горенаведените работи.

За да не мора одново да го внесувате QR кодот, можете да ја искористите опцијата Remember this computer.

Сите четири најголеми интернет пребарувачи се компатибилни со Android Messages апликацијата: Google Chrome, Mozilla Firefox, Microsoft Edge и Safari.