Новости

Технологија

Кина ги забрани игрите во кои има крв и лешеви

Кина повторно почнала да одобрува наслови на видео игри, но вовела нови правила, кои се однесуваат на одредени категории меѓу кои се махјонг и покер, наслови базирани на кинеското империјално минато, како и игри кои содржат крв и лешеви.

Причината за тоа е како што пренесува RTCG, основање на ново регулаторно тело под назив Државната администрација за печат и публикација, која е загрижена за насилството и зависноста од коцкање меѓу младите луѓе. Добивањето пристап до кинескиот пазар на игри кој е најголем во светот во иднина може да претставува многу тешка задача за авторите. Сепак, владата одлучила да престане да одобрува нови игри поради страв од ”расипување” на младите луѓе, од политички причини и од некои други работи.

Забраната за покер и махјонг игри најверојатно најмногу ќе одекне, бидејќи речиси 37 проценти од игрите одобрени во 2017 година спаѓаат во оваа категорија. Покрај тоа, креаторите на игри треба да воведат системи против зависности од игри.

Најголем проблем е зависноста од игрите на малолетниците. Кина воведе правила против зависноста од компјутер уште во 2007 година со кој се ограничува времето и износот на пари што малолетниците може да ги потрошат на игрите. Законот сега се прошири и на мобилните игри, па креаторите го применуваат.

Крв во игрите веќе е забранета, но креаторите го заобиколиле ова правило и ја промениле црвената боја на крв во зелена. Сепак, сега сите бои на крв се забранети. Со цел да се обезбеди спроведување на законот, владата формирала Online Game Ethics Committee минатата година за да провери дали игрите се “здрави и корисни”. Минатата година, владата одобрила мал број на игри, а многумина ги одбила барајќи промени. Малку од нив добиле дозвола без никакви услови.

Големи дизајнери како Tencent и NetEasea во кои припаѓаат PUBG игрите, Monster Hunter: World, World of Warcraft и Overwatch нема да имаат проблем со новите правила.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top