Новости

Технологија

Лоши вести за они кои имаат телефон Huawei: Google ја прекина соработката со кинеската компанија

Google престана да соработува со компанијата Huawei, потег кој ќе има драматично влијание врз уредите на оваа компанија во целиот свет.

Ројтерс известува цитирајќи близок извор на компанијата дека Google бил присилен да ја прекине бизнис соработката со Huawei.

Huawei Technologies Co Ltd веднаш ќе изгуби пристап до сите верзии на оперативниот систем Android, а следната верзија на овие паметни телефони надвор од Кина исто така ќе нема пристап до популарните апликации и услуги вклучувајќи ги Google Play Store и Gmail, јавува Ројтерс.

Ова е голем удар за кинеската компанија која американската влада ја стави на црната листа.

Деталите за прекинот на соработката, што може да се одрази на милиони корисници, се’ уште се договараат во „Google“, додека од „Huawei“ засега не се коментира случајот.

GOLD
To Top