Новости

Технологија

Најавени измени: Инстаграм ќе го крие бројот на „допаѓања“

За многумина, единствената причина зошто луѓето објавуваат на социјалните мрежи, се „лајковите“. Тоа е всушност начин да се биде забележан или популарен, во зависност од тоа колку „допаѓања“ има објавата.

Меѓутоа, се шпекулира дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика. Ова меѓу првите го најави познатата блогерка Џејн Манчун Вонг.

Ова би било прилично контроверзна одлука, оти на пример, т.н. „инфлуенсери“ едноставно живеат од бројот на „лајкови“ и популарноста, кои директно ги одредуваат цените кои ги наплаќаат за рекламирање брендови и слично.

На тоа, Инстаграм возвраќа: „Ние сакаме вашите следачи да се фокусираат на она што го споделувате, а не колку ’допаѓања‘ има таа објава“.

GOLD
To Top