Новости

Технологија

Нова опција на „Месинџер“ што ќе ви се допадне

„Месинџер“ добива нова корисна функција – цитирање на пораки во групни разговори, со можност за одговарање на избрана порака. Со ова се олеснува одговарањето на пораките и следењето на разговорот, особено кога станува збор за поголеми групи.

Ваква опција веќе има на „Вајбер“ и на „Вацап“, па веруваме дека знаете за што станува збор.

За да одговорите на одредена порака, потребно е подолго да се задржите на неа и од менито што ќе ви се појави да ја одберете стрелката која се појавува по останатите веќе познати реакции. И тоа е сè. Потоа можете да го напишете својот одговор токму на таа порака.

GOLD
To Top