Новости

Технологија

Нова технологија за батериски напојувани авиони

Лабораторијата за материјали на MIT создала нов вид на батерија која складира доволно енергија да напојува авион во лет од Сан Франциско до Лос Анџелес, што е пат со должина од околу 560 километри.

Инженерите долго време сонувале за летечки електрични возила, но нивните намери секогаш биле спречени од неможноста да се пронајде баланс помеѓу капацитетот и тежината на батериите.

Научниците од MIT физички ја реструктуирале батеријата за да протокот на електрицитет е повеќе директен од една до друга електрода и веруваат дека таа ќе може да биде доволно моќна да подигне патнички авион со 12 седишта и да го држи во воздух доволно долго за кратки (комерцијални) патувања, без користење на фосилно горивно.

Ерата на батериски напојувани авиони би искоренила еден од главните извори на емисии на штетни гасови – според MIT, воздухопловните патувања генерираат 2% од целиот јаглерод диоксид кој го испуштаме во атмосферата.

Крајната цел би била ваквите батерии да станат што поголеми и помоќни за да ги напојуваат патничките авиони кои денес ги користиме, но во почетокот тоа би било возможно само за помалечките, приватни авиони.

GOLD
SN Finansii
To Top