Новости

Технологија

Новиот Ајфон проблем за луѓето со оваа невообичаена фобија

Епл завчера ги претстави новите модели на Ајфон, меѓу кои и Ајфон 11 Про, кој има три камери.

Иако не е нешто револуционерно, интернетот веднаш се преполни со шеги околу овој модел, споредувајќи го делот кај камерите со плотна од шпорет. Но, се појави и друг проблем.

Луѓето кои страдаат со трипофобија, односно страв од мали и црни дупки, пријавуваат дека чувствуваат вознемиреност и непријатност кога ќе погледнат во задниот дел на новиот Ајфон.

Терминот трипофобија беше „скован“ во 2005 на мрежата Редит. Популарни личности како актерката Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу оние кои се згрозуваат од гледање во мали дупки. Тука спаѓаат и дупчињата во сирењето и кашкавалот, облека со точки, меури…

GOLD
To Top