Новости

Технологија

Новите iPhone XS и XS Max имаат проблем со полнењето

Еден од најпопуларните и највлијателните “Tech” канали на ЈуТјуб – “Unbox Therapy” открива проблем со полнењето кај новите iPhone XS и XS Max на Apple.

Лу Хилсентегер од “Unbox Therapy” објасни дека добил мејл во кој што корисник бара да изврши тест на новите iPhone XS и XS Max и да утврди дали и на неговите уреди ќе се појави истиот проблем со полнењето на батеријата.

Во тестирањето на неколку модели на iPhone XS и XS Max, Хилсентенгер откри дека новите уреди на Apple навистина имаат проблем со полнењето. Имено, телефонот кога не се користи, односно кога е во “idle” состојба, не може да го препознае кабелот за полнење, односно кога телефонот ќе се приклучи на полнач, батеријата не се полни.

Доколку, на пример се отклучи телефонот, тогаш уредот „препознава“ дека е приклучен кабелот за полнење, па полнењето на батеријата започнува. Инаку, овој проблем не се јавува кај сите нови iPhone XS и XS Max, па со текот на времето и со растот на продажбата, ќе се открие колку е раширен овој проблем.

Исто така, не е познато ниту дали станува збор за хардверски или пак софтверски проблем, а засега во врска со овој проблем се немаат огласено од Apple.

Да потсетиме, Apple неодамна ги претстави своите најнови телефони за кои што вели дека се најдобрите на пазарот – новиот iPhone XS се продава по цена од илјада долари, додека пак XS Max се продава по цена од 1,100 долари.

Евротип
SNBROKER
To Top