Новости

Технологија

Објавена листа на 15 најрадиоактивни смартфони- проверете дали и вашиот е на оваа листа

Живееме во модерно време кога секој од нас сака добар смартфон. Најпрво се гледаат перформансите а потоа и цената на телефонот. Спремни сме да дадеме и неколку илјади само да добиеме нов модерен телефон без да размислиме дека тој може да биде многу штетен за нас односно најголемиот дел од луѓето не ги ни знаат негативните последици од користењето смартфони.

Со прекумерното користење на паметните телефони моѓе да дојде до трајно оштетување на видот.

Ако сте почувствувале болка и печење во очите тоа е знак дека окото ви е преморено од фокусирање на малиот екран што е особено штетно за децата.

Децата кои подолго време гледаат во екран, можат да имаат проблем со кратковидоста кога ќе пораснат.

Многу често се случува и проблем со рбетот. Доколку забележите дека кога го користите смартфонот вие не се исправени во тој случај обидете се да седите исправено или пак најдобро е да го оставите вашиот телефон на неколку часа и времето да го искористите за одредена физичка активност.

Според британската физиотерапевтка Кристен Лорд последниве години, сè повеќе луѓе патат од болки во рамената и вратот, а причината е што се постојано подгрбавени поради своите смартфони преку кои денеска прават сè: пишуваат пораки и мејлови, читаат вести итн.

Исто така мобилните телефони се одличен извор на бактерии, па поради тоа не треба да ве чуди ако лицето толку често ви се нафрла. Имајте во предвид дека бактериите кои се наоѓаат на телефонот се 18 пати поштетни од оние кои можете да ги најдете во тоалетот.

Голема загриженост околу здравствените ризици од мобилните телефони е радијацијата што ја емитуваат. Мобилните телефони ослободуваат радиофреквенција, или радио бранови кои може да се апсорбираат во човечкото ткиво.

Инаку бугарскиот портал „Статиста“ состави листа од 16 најрадиоактивни паметни телефони.

Во неа влегуваат: Шаоми Ми А1, Ми Макс 3, Ми Микс 3, Редми ноут 5, потоа – Уанплус 6, 6Т и 5Т, Ха-те-це У12 Лајф, Ха-те-це Дизаер, Сони Експирија Икс-зед-1, ЗТЕ Аксон 7 мини, Гугл Пиксел 3 и 3 Икс-ел, Ајфон 7 и 8.

GOLD
To Top