Новости

Технологија

Од сега YouTube со офлајн опција за слушање на музика

YouTube Music во листата на функции конечно ја додаде опцијата која досега не беше достапна – поддршка за чување на офлајн содржини.

Досега, YouTube Music имаше можност за автогенерирање на “офлајн компилации”, кои се креирани на база на претходните сесии на слушање музика на корисникот. Со други зборови, корисниците немаа контрола над содржината која е вклучена во овие компилации.

Отсега, доколку сте YouTube Red претплатник, YouTube Music Ви овозможува да го сочувате тој офлајн преглед или преслушување. Можете да изберете било која песна, албум или плејлиста за преземање, а исто така имате опција да сочувате само SD или HD видео.

GOLD
To Top