Новости

Технологија

Основачот на WhatApp: Време е, избришете го Фејсбук

Коосновачот на апликацијата WhatsApp, Брајан Ектон им се придружи на сите оние кои заради новиот скандал со неовластеното користење на податоците повикуваат на бришење на Фејсбук сметките.

Твитот на Ектон со хаштаг #DeleteFacebook привлече големо внимание кај медиумите заради фактот што неговата апликација WhatsApp од пред 4 години е сопственост на Фејсбук, а за тоа платија 19 милијарди долари. Исто така, тоа е вториот твит на Ектон во последните две години.

Ектон го напушти Фејсбук во септември минатата година, а неодамна најави дека ќе вложи 50 милиони долари за развој на апликации забезбедна и криптувана размена на пораки Сигнал.

Компанијата “Facebook” изгубила околу 37 милијарди долари по скандалот со протекувањето на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тоа ги исплашило инвеститорите, па вредноста на акциите на Фејсбук паднале за околу 7 проценти.

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Закерберг, претрпел загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите уследил откако американските службеници повикале на истрага поради тоа што личните податоци на 50 милиони луѓе од Фејбук биле собрани и злоупотребени без одобрение.

GOLD
To Top