Новости

Живот

Откриено зошто експлодираше Galaxy Note 7

На интернет страната на компанијата Instrumental е објавена инженерска анализа за овогодинешниот Note на Samsung, и истовремено најголемото фијаско на оваа компанија во подолго време. Galaxy Note 7, веќе сите знаат, е повлечен од оваа есен од пазарот откако поголем број на уреди се запалија, при што оштетија имот и повредија луѓе.

note-7-greska1

Сега екипата од порталот Instrumental расклопи еден функционален Note 7 и ја анализираше неговата внатрешност со цел да утврди што била причината за дефектот. Од почетокот било јасно дека се работи за проблем со батеријата – нејзината изработка, лошата изолација, или лошото позиционирање во уредот. Инженерите во оваа независна анализа, пак, дошле до заклучок дека причината за сето тоа била од конструкторска природа.

Литиум-полимерската батерија на Gаlaxy Note 7 е направена од слоеви на литиум-кобалт-оксид и графит, кои го одвојуваат полимерот. Директното спојување на слоевите води до запалување и експлозија.

Овие инженери сметаат дека прoблемот бил во позиционирањето на батеријата во куќиштето на уредот. Во Samsung очигледно сакале во што помало куќиште да постават што поголема батерија, оставајќи минимален простор околу истата. За време на користење или полнење батеријата очекувано се загрева што води и до зголемување на нејзините димензии. Оставениот простор до куќиштето очигледно бил премал (се препорачува околу 10% од големината на батеријата како простор за ширење), па батеријата во Note 7 немала простор за експанзија. Едноставната логика заклучува дека заради тоа сите делови биле изложени на механички притисок што води до експлозија.

Оваа грешка крши едно од основните правила при конструкција на ваков вид на уреди, велат инженерите, па е невозможно ваков дизајн да се појавил случајно. Во Samsung судејќи по се отишле на ризик, ја туркале технологијата до лимит со недоволно тестирање, а резултатот е евидентен.

GOLD
To Top