Новости

Технологија

Паднаа Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Ватсап..

Фејсбук, Инстаграм, Вотсап, Месинџер им предизвикуваат проблеми на корисниците ширум светот.

Корисниците во моментов имаат најмногу проблеми со најавување на своите профили, со прикачување и преглед на слики.

Меѓи најпогодените држави се Италија, Србија, Бугарија, Австрија, Германија и Швајцарија. Покрај Европа, проблем со овие социјални мрежи има и во Австралија, Сингапур, Колумбија, Бразил, Мексико, Филипини, Русија и Јужна Африка.

Од нашата држава најмнoгу поплаки има за прикачување и преглед на сликите.

Портпаролот на Фејсбук, кој ги поседува сите три апликации, изјави за Би-Би-Си: „Ние работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо”.

За сега не се познати причините за ваквиот голем пад на социјалните мрежи.

GOLD
To Top