Новости

Технологија

Падна Инстаграм- никој не знае што се случува, а корисниците ширум светот во паника

„Инстаграм“ престана да работи, а корисниците не можат да ги гледаат фотографиите или профилите.

Корисниците се поздравени со празни профили и порака дека апликацијата „не може да го ажурира времепловот“.

Веб-верзијата на апликацијата исто така има проблеми. На почетната страна се појавува „5xx Server Error”.

Како што пишува Индепендент, проблемот доаѓа во тешко време за „Инстраграм“. Двајцата основачи на компанијата си заминаа по гласините за несогласувања „Фејсбук“ за тоа како треба да работи компанијата.

Откако хакирањето на „Фејсбук“ беше објавено за викендот, се испостави дека и корисниците на „Инстаграм“ се дел од проблемот, доколку го користат „Фејсбук“ за да влезат во профилот на „Инстаграм“.

GOLD
To Top