Новости

Технологија

Последната фотографија на роверот Opportunity од Марс

Пред да ја прекине својата работа, роверот Opportunity ја сними прошталната фотографија од Марс. На деталната фотографија се гледаат последните траги од роверот , пред засекогаш да запре и просторот пред него по кој уште долго нема да зачекори никој.

Сега веќе култниот ровер Opportunity е еден вид феномен во вселенските истражувања, зашто се движеше по Марс далеку подолго време од планираното. Роверот имаше мисија што требаше да трае 90 дена,  но на крај издржа цели 15 години.

Фотографијата од 360 степени роверот ја испрати во мај минатата година , а со последната енергија ја испрати на Земјата. Во текот на 29 дена роверот фотографирал делчиња од околината во низа од 354 фотографии , пред да ги прати во НАСА.

GOLD
To Top