Новости

Технологија

Пристигна нова побрза „Wi-Fi“ технологија

Добра вест за сите оние кои често користат „Wi-Fi“ за да се поврзат со интернет. Пристигна нова, унапредена верзија на „Wi-Fi“ која на корисниците им носи бројни предности.

Неделава е лансирана нова верзија од „Wi-Fi“ која на корисниците им нуди побрза и посилна врска. Најновите верзии од паметните телефони кои спаѓаат во повисокиот ценовен ранг, веќе во себе ја имаат вградено новата „Wi-Fi“ технологија.

Досегашната верзија на „Wi-Fi“ теоретски можеше да постигне брзина за пренесување на податоци до 6,9 Gbps, додека новата верзија е значително побрза и достигнува брзина од 9,6 Gbps.

Новата верзија од „Wi-Fi“ ќе има проширен капацитет за повеќе уреди со технологии како OFDMA (Orthogonal Frequency Division Multiple Access) и MU-MIMO (Multi-User Multiple Input Multiple Output). Што во превод знали дека на една „Wi-Fi“ мрежа отсега ќе може да имаат пристап четири пати повеќе уреди од претходно.

Од оваа недела технологијата е достапна за сите произведувачи, што значи дека нема да чекаме долго за да ги осетиме ефектите од нејзината примена во секојдневниот живот. Сите нови уреди, освен „буџет“ верзиите ќе имаат поддршка  за новата „Wi-Fi“ технологија но со текот на времето ќе пристигне и кај најевтините уреди.

Освен паметните телефони, со новата технологија ќе бидат и новите компјутери и лаптопи а се разбира и рутерите.

„Wi-Fi“ претставува сет од безжични мрежни протоколи базирани на стандардите IEEE 802.11. Досегашната верзија носеше ознака 802.11ac, додека новата носи ознака 802.11ax.

Инаку веќе во подготовка е и уште понова „Wi-Fi“ технологија што се очекува да биде претставена во 2024. година.

GOLD
To Top