Новости

Технологија

Пристигнува првиот смартфон со пет камери

Додека „Mobile World Congress 2019“ се приближува, компаниите се повеќе се „тркаат“ со најавите за своите претставувања за време на конференцијата која ќе се одржи во Барселона кон крајот на февруари.

На компаниите кои досега го потврдија своето учество („Sony“, „Xiaomi“, „LG“, „Huawei“ и „Oppo“), им се придружи и „HMD Global“ со новите „Nokia“ модели, која своите смартфони ќе ги претстави на 24-ти февруари.

Колку што засега е познато, на „MWC“ може да се очекува претставување на моделот „Nokia 9 PureView“, првиот паметен телефон со пет камери на задната страна.

Уредот досега беше честа тема на бројни шпекулации. Но сега е направено и видео кое го прикажува неговиот систем од пет камери.

„PureView“ нема „notch“ на врвот на екранот, а би требало да го користи оперативниот систем „Android One“.

Како што најавуваат од компанијата „HMD Global“, постои можност за „livestream“ пренос од нивната презентација за оние кои не се во можност да бидат дел од настанот во Барселона.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top