Новости

Технологија

Проблемите на Galaxy S8 продолжуваат – телефонот сам се рестартира

Корисниците на Galaxy S8 со соочуваат со уште еден проблем, некои од уредите се рестартираат сами. Сопствениците на Galaxy S8 постирале на форумите XDA Developers и страницата на заедницата Samsung US во врска со овој проблем и се чини дека и Galaxy S8 Plus не е исклучок од овој проблем.

Постот на страната на заедницата Samsung US доби повеќе од 100 одговори; лицето што првично постира, извести дека во првите 10 часа со уредот, тој се рестартирал 7 пати. Понудени се многу решенија, но повеќето се однесуваат на microSD картички- ако се наиде на овој проблем со користење на microSD картичка, можеби вреди да ја отстраните па да видите дали тоа го решава проблемот (како привремено решение). Но, има и некои кои го имаат овој проблем и без да користат microSD картичка.

Иако не е невообичаено паметните телефони да бараат рестарт или два, кога се нови од кутија, за да се инсталираат некакви „bugfixes“ кои биле средени по испраќањето на уредите, но тоа изгледа не е причината за сегашниот проблем со автоматското рестартирање.

Samsung вчера започна со апдејтот кој што треба да го реши проблемот со црвените екрани на S8, па можно е и да пушти апдејт кој ќе го реши проблемот со рестартирањето во наредните денови.

GOLD
To Top