Новости

Технологија

Самсунг целосно се откажува од својот флексибилен телефон?

Иако веќе започнаа да ги примаат нарачките за својот револуционерен флексибилен телефон, од Самсунг ги известија корисниците дека датумот за испорака е несигурен.

Кога Самсунг пред неколку месеци спектакуларно го претстави својот прв флексибилен паметен телефон Galaxy Fold, очекувањата беа големи. И покрај високата цена, голем број на корисници изразија желба тие да бидат меѓу првите кои ќе го добијат револуционерниот телефон на преклопување со флексибилен екран.

Но, се чини дека ќе треба да почекаат подолго време од предвиденото, за да го добијат својот телефон.

Имено, откако голем број на новинари и Јутјубери пријавија неколку потешкотии и проблеми со екранот, од Самсунг одлучија да го поместат датумот на испорака на уредите.

Од Самсунг деновиве започнале да ги контактираат корисниците кои што веќе го нарачале својот Galaxy Fold, а меѓу другото, во мејл пораката пишувало: „Доколку не се јавите и не ви го испратиме уредот до 31-ви мај, вашата нарачка автоматски ќе биде поништена“.

Иако потоа преку нов мејл појаснија дека и натаму работат на решавање на проблемите кои се детектирани, од Самсунг додале дека не постои официјален датум кога уредите ќе се најдат во продажба.

Од Самсунг планираа оваа година да продадат барем еден милион Galaxy Fold телефони кои чинат околу 2 илјади долари, но после проблемите, тешко дека ќе се остварат таквите планови.

GOLD
To Top