Новости

Технологија

Се огласија и креаторите на апликацијата „FaceApp“ – откриваат дали и какви информации крадат

Откако ги обвинија сега пристигнува одговорот на обвинетите. Апликацијата за едитирање фотографии „FaceApp“ во последниве денови стана вирална во светов, а по овниненијата дека ги злоупотребуваат податоците на корисниците, нејзините творци одлучиле да се огласат.

Многумина се загрижени дека рускиот стартап ги аплоудува фотографиите на корисниците во облак, а дека не им објаснува дека обработката на фотографиите не се одвива на нивните телефони.

Некои од корисниците на оваа апликација изјавиле дека можеле да изберат и да аплоудуваат фотографии, иако апликацијата нема дозвола да им пристапува.

Поради ова творците на оваа апликација одлучиле да се огласат и да одговорат на најголемите грижи на корисниците:

„Добивме многу прашања во врска со правилата на користење и личните податоци на корисниците и затоа сакаме да ги објасниме најосновните работи:

1. „FaceApp“ најголемиот број од фотографиите ги обработувa во облакот. Ја аплоадираме само фотографијата која ја избрал корисникот за обработка. Никогашш не ги префрламе другите фотографии.

2. Можеби аплоудираната фотографија ќе биде сочувана во облакот. Главната причина за тоа се перформансите – сакаме да кажеме дека корисникот ја аплоудува фотографијата за секој вид операција за едитирање. Поголемиот дел од фотографиите се бришат од нашите сервери во рок од 48 часа.

3. Ги прифаќам сите барања за бришење на податоците од нашите сервери. Нашиот тим за поддршка моментално има многу работа, но тие барања се приоритет.

4. Сите функции на апликацијата се достапни без логирање. Поради тоа, 99 отсто од корисниците воопшто не се логираат на „FaceApp“ и ние немаме никакви податоци која личност е во прашање.

5. Не ги даваме податоците на корисниците на некои трети луѓе.

6. Иако нашиот тим за развој и истражување е во Русија, податоците од корисниците не се праќаат во таа земја.

Извор: tocka.com.mk

GOLD
To Top