Новости

Технологија

Се појавија реални фотографии од Galaxy S10 и Galaxy S10+

Помалку од еден месец пред премиерата на серијата Galaxy S10, на Интернет се појавија фотографии со висок квалитет на два од очекуваните модели – Galaxy S10 и Galaxy S10 +. Тие доаѓаат од германскиот сајт AllAboutSamsung и прикажуваат прототипи на уредите.

Како што може да се види и двата модела имаат заоблен дисплеј со намалени странични рамки и се опремени со звучник, USB-C порта и приклучок за долниот дел. И двата се со вградена во дисплејот селфи камера, но кај Galaxy S10 таа е единечна, а кај Galaxy S10 + – двојна.

Задниот панел содржи хоризонтална тројна камера, дополнета со блиц и сензор за пулс.

Според неодамнешните информации од Италија, во Европа Galaxy S10 со 6/128 GB меморија ќе чини 929 евра, Galaxy S10 со 8/512 GB меморија ќе биде по цена од 1.179 евра. Galaxy S10 + со 6/128 GB меморија ќе се продава за 1.049 евра, додека Galaxy S10 + со 8/512 GB меморија ќе биде достапен за 1299 евра.

Очекуваме и верзија на Galaxy S10 + со 12/1 TB меморија по цена од 1.599 евра.

 

GOLD
To Top