Новости

Технологија

Се спојуваат Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger

Фејсбук има намера да ги спои услугите на праќање и примање пораки на Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger во една услуга.

Се планира до спојување да дојде следната година. Секоја апликација и натаму ќе постои самостојно и ќе ги има своите индивидуални карактеристики , но платформата за праќање и примање пораки ќе им биде заедничка. Идејата за ваквиот потег е поради подобрување на комуникациите меѓу милијарди корисници на различни апликации во сопственост на Facebook.

Извршниот директор , Марк Зукерберг наводно наредил сите пораки да бидат криптирани од крај до крај , за да биде неможно за кој било друг да ги пресретне овие пораки.

,,Работиме на тоа уште повеќе наши платформи за размена на пораки да бидат криптирани за да се олесни комуникацијата меѓу пријатели и семејства преку интернет.” , изјави портпаролот на Facebook.

GOLD
To Top