Новости

Технологија

Темната позадина официјално пристигна на Фејсбук Месинџер

Еден месец после најавувањето, Фејсбук Месинџер сега стана најновата голема апликација која доби поддршка за темен режим.

Отсега, корисниците можат да ја искористат популарната опција за затемнување на интерфејсот од поставките, користејќи ги iOS и Android верзиите на апликацијата. Темниот режим за Фејсбук Месинџер сега им пристигнува на корисниците на глобално ниво.

Голем број апликации, вклучувајќи ги Јутјуб и Твитер, исто така нудат темен режим. Оваа опција може да го продолжи траењето на батериите на телефоните, а ова посебно се однесува на оние со OLED екраните.

Исто така, доколку се вистинити гласините, следните верзии на iOS и Android оперативните системи, во себе ќе содржат интегриран темен режим, на ниво на системот.

GOLD
To Top