Новости

Технологија

Тој е првиот јутјубер со 100 милиони претплатници

Од скромно момче кое немало пријатели до вистинска Јутјуб ѕвезда. Феликс Кјелберг, познат како „ Pewdiepie“ е првиот независен јутјубер кој зад себе има армина од 100 милиони претплатници.

Независен е затоа што позади него не стои никаква корпорација или продукција, туку тој своите клипови ги снима и монтира сам со помош на својот пријател Сајв.

На „ Pewdiepie“ му беа потребни 10 години работа за да ја постигне оваа бројка од 100 милиони претплатници.

Инаку тој својата Јутјуб кариера ја започна снимајќи се себе како игра видео игри  а првиот вистински успех го достигнува копа почнува да снима како игра хорор видео игри.

Тој во претходните години имаше проблеми со Јутјуб платформата која се чини дека му го сврти грбот, но и покрај бројните тужби и блокади тој продолжи да снима.

Сепак од Твитер профилот на платформата Јутјуб му честитаа на „ Pewdiepie“ за постигнатиот успех.

https://twitter.com/YouTube/status/1165444428988743680

GOLD
To Top