Новости

Технологија

Украдени податоци на 30 милиони корисници на Фејсбук

Податоците на речиси 30 милиони корисници на Фејсбук се украдени во најголемиот хакерски напад во историјата на оваа социјална мрежа, потврди компанијата на Марк Цукерберг.
Од Фејсбук не го наведуваат виновникот за нападот , освен дека ФБИ активно истражува кој стои зад нападот и дека апелирале до американската Федерална агенција да не објавуваат кој би можел да биде виновникот.

Компанијата претходно објави дека податоците на околу 50 милиони корисници биле изложени поради сигурносната ,,дупка” , со што хакерите ги украле лозинките и влегле во податоците на корисниците на ФБ.

Познато е дека на над 29 милиони корисници им се украдени имињата , меил адресдите , телефонските броеви, местата од каде се вклучуваат на Фејсбук , адресите на нивните домови и работните места , датумот на раѓање , како и последните 15 пребарувања и последните 10 места од каде се приклучиле на мрежата.

Откако утврдиле што е украдено , од Фејсбук прогласиле дека ова е најголемата кражба на податоци во истопријата на компанијата . Од Фејсбук најавија дека ќе ги известат сите сопственици чии податоци се украдени.

GOLD
SN Finansii
To Top