Новости

Технологија

Фејсбук ги спојува Инстаграм, Ватсап и Месинџер

Целта се платформите за приватни пораки на трите апликации, кои Фејсбук сака да ги обедини во една, за да не мора постојано да се префрлате меѓу апликации.

По ново, корисник на Ватсап би можел на пример директно да му испрати порака на корисник на Инстаграм без воопшто да излегува или да ја менува апликацијата.

Ваквото обединување ќе значи дека пораките и од Фејсбук месинџер и од Инстаграм ќе добијат „end-to-end“ енкрипција (Е2Е), која за сега ја има само Ватсап, и спречува кој било да го пресретне пораките кои се разменуваат (вклучително и Фејсбук).

Нормално никоја добронамерност на Фејсбук не е во празно, па експертите веднаш алармираа дека ова најверојатно ќе оди на штета на приватност и на законите против монопол.

GOLD
To Top