Новости

Технологија

Фејсбук доживеал најголем пад во историјата: И денес можни проблеми

Фејсбук главно проработел после најголемиот пад во историјата. Но,сеуште има проблеми, јавува CNN.
Најголемата социјална мрежа на светот имаше проблеми повеќе од десет часа. Станува збор за најголемиот пад на Фејсбук во историјата.

Фејсбук, како и Твитер, морал да објаснува што се случило. Не рекла многу, само нагласиле дека станува збор за хакерски напад.

Исто така големи проблеми имаат и Инстаграм,WhatsApp и Messenger. Станува збор за апликации кои се во сопственост на Фејсбук.

Првите проблеми почнале вчера околу 16. часот по наше време.
Иако Фејсбук можел да се користи имало проблеми со објавите.
Проблемот е глобален.DownDetector мапите покажуваат дека луѓето имаат проблеми ширум светот.

Што се однесува до Македонија проблемот е главно отстранет но тоа не значи дека нема да се повтори во текот на денот. Од мапата може да се види кои земји моментално имаат проблеми.

Последен пат фејсбук имал вака големи проблеми во 2008. година. Но, тогаш имале 150. милиони корисници, за разлика од 2,3 милијарди колку што се денес.
Фејсбук, кој главно се финансира од огласувачи, рекле дека мораат да истражат до која мерка проблемите ги погодиле огласувачите, како и за евентуалната можност да им се вратат парите.
Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем со кој Фејсбук се соочил – New York Times
синоќа објавил дека против Фејсбук обвинителите покренале истрага поради личните податоци кои наводно таа социјална мрежа ги делела со технолошките групи.

 

GOLD
To Top