Новости

Технологија

Фејсбук има податоци и за оние кои немаат профил на социјалната мрежа

Директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, го откри фактот што сигурно може да ги загрижи оние кои воопшто не ја користат оваа социјална мрежа.

Според него, Фејсбук собира податоци од оние кои не го користат или немаат регистрирани кориснички сметки.

“Генерално собираме информации за луѓе кои не се регистрирани на Фејсбук поради безбедносни причини”, одговорил Цукерберг на новинарско прашање пред да се состане со Комитетот за енергетика и трговија.

Американски политичар и претставник на САД во Њу Мексико Бен Лујан го праша Цукерберг дали практиката на собирање на податоци од оние кои не користат Фејсбук е наречена “профили од сенка”, но директорот на Фејсбук рече дека не е запознаен со тој термин.

“Треба да знаеме кога некој ќе се обиде повеќе пати да влезе на нашата платформа за да ги спречиме оние кои се обидуваат да ги злоупотребат информациите од јавен карактер”, рече Цукерберг.

Според претходното пишување на Блумберг, поранешниот вработен во “Фејсбук”, Антонио Гарсија Мартинез, изјави дека податоците од оние кои не го користат Фејсбук се собираат за развој на компанијата и мрежата.

Да се потсетиме дека Цукерберг во последниве неколку дена сведочеше пред Конгресот на САД за злоупотреба на лични податоци на повеќе од 87 милиони корисници на Фејсбук. Во текот на вториот ден од судењето, тој изјави дека скандалот на Фејсбук, исто така, влијае и на неговите лични податоци.

Сепак, Цукерберг очигледно од дуелот со Конгресот излезе како победник.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top