Новости

Технологија

Фејсбук и Месинџер повторно заедно

Апликацијата „Месинџер“, повторно ќе се врати во матичната „Фејсбук“, на паметните телефони. Иако не е официјално потврдено од компанијата „Фејсбук“, извори оттаму тврдат дека ова е дел од идниот процес во кој сите платформи кои ги поседува ќе бидат обединети. Инаку станува збор за Инстаграм, Месинџер, Вацап.

Месинџер е посебна апликација повеќе од пет години. На почетокот кога се одвои многу од корисниците тоа тешко го прифатија.

Ова ќе важи и за корисниците на „Андроид“ и iOS системите.  

Промената веќе се тестира. Фејсбук планира секоја услуга и апликација да продолжи да постои и после интеграцијата, па тоа би можело да важи и за Месинџер апликацијата, бидејќи експертите шпекулираат дека би можеле да остане поради тоа што некои од корисниците не одат често на главната апликација.

GOLD
To Top