Новости

Технологија

Фејсбук ќе ја укине опцијата за препознавање лица

Фејсбук соопшти дека ќе го укине софтверот за препознавање лица  на фотогравии кој сам ви сугерира да означите некој пријател.

Фејсбук наместо опцијата „сугестија за означување“, ќе воведе нова софистицирана опција за препознавање на цртите на лицето и за други потреби освен за означување.

Но корисниците на фејсбук ќе можат да ја исклучат или уклучат оваа опција, пренесува „АП“.

Оние кои ќе ја вклучат новата опција, ќе можат да гледаат известувања за препознавање на некое лице, но тука секогаш ќе биде и копчето за исклучување на опцијата.

Инаку Фејсбук досега се има соочувано со многу тужби вклучувајки и такви за опцијата „сугестија за означување“ и можеби токму тоа е причината за ваква промена.

GOLD
To Top