Новости

Технологија

(Видео) Еве како Samsung ги тестира своите смартфони

По непријатната ситуација со Galaxy Note7 на крајот на минатата година, Samsung почна да прави големи напори да го исчисти своето реноме, чија кулминација беше достигната со откривањето на резултатите од истрагата за причините за прегревање на телефонот. Компанијата сепак не планира да запре тука и за да ја врати довербата на потрошувачите е подготвена да обезбеди увид во серијата тестови со кои го тестира квалитетот на своите смартфони.

Објавеното видео покажува на какви тестови се подложуваат Galaxy S7 и Galaxy S7 edge и меѓу нив се паѓање, потопување под вода, отпорност на свиткување, издржливост на ниска и висока температура итн. Уредите се прегледуваат и со Х-зраци за откривање на скриени дефекти. Во голема мера тоа се стандардни процедури кои се применуваат од секој голем производител на мобилни уреди, но Samsung има добра причина да се фокусира на нив.

GOLD
To Top