Новости

Технологија

(Видео) Како ќе изгледаат паметните телефони во иднина?

Дизајнот на телефоните е генерално секогаш ист, но со текот на годините најголем број на телефони имале правоаголна форма.

Сепак, дизајнерите Filip Stark и Jerom Olivetо отидоа еден чекор понатаму и се одлучија за многу уникатен концепт на телефон наречен Аlo smartphone.

Според зборовите на дизајнерите, телефонот би требало совршено да “лежи” во раката и се карактеризира со издолжена форма во комбинација со проѕирен изглед.
Ало концептот носи сосема вокализиран интерфејс за сите функции на телефонот. Може да прочитате SMS и e-mail, а пораките наместо со пишување ќе можат да му се диктираат на телефонот. Камерата се однесува како око и ќе може да го идентификува лицето. Видео снимките треба да бидат дизајнирани во форма на 3Д.. холограмска слика, а телефонот во случај на оштетување ќе се поправа самиот.

“Овде станува збор за вештачката интелигенција “, велат дизајнерите.

Кога станува збор за дизајн, очигледно е дека паметниот телефон Alo изгледа понеобично од било кој телефон денес.
Дизајнерите сега се во фаза на развој на прототип кој ќе биде поврзан со брендот Thomson, а бидејќи се работи за концепт, многу е веројатно дека телефонот Alo нема да го види светлото на денот за скоро време.

Како ќе изгледа паметниот телефон видете на снимката:

Евротип
Евротип
To Top