Новости

Технологија

ВИДЕО: Унгарија доби музички автопат

На северо-источниот дел на Унгарија, во близина на унгарско-словачката граница, во Понеделникот се отвори нов музички автопат.

Асфалтот на патот има гребен, па триењето меѓу патот и гумите свири мелодија додека се вози со брзина од 80 километри на час.

Патот води низ познатиот вински регион Токај, а на потегот помеѓу Гештељи и Серенц се слуша унгарската народна песна „Erik e solo“ (Грозјето зрее).

За да ја слушнете мелодијата, треба да возите точно 80 километри на час, бидејќи ако возите побрзо или побавно, мелодијата ќе биде несовршена или искривена.

Фотографија на насловна: Print screen /you tube

Евротип
SNBROKER
To Top