Новости

Технологија

Дали електричните тротинети се премногу тивки? Сега можат да звучат како Ферари

Електричните скутери се се почеста појава на патиштата, но и на тротоарите каде нивното тивко движење претставува опасност за пешаците.

Segway сега нуди решение кое ќе го направи сообраќајот побезбеден. И уште позабавно, бидејќи гледањето електричен скутер со звук на V8 мотор не е баш она што го очекувате.
Станува збор за симулатор за звук кој неодамна излезе во продажба. Целосното име Ninebot Engine Speaker Engine Sound. Sound Simulation System лесно се монтира на рамката на скутерот, а потоа се поврзува со звучникот преку Bluetooth. Се полни преку USB-C приклучок и нуди IP55 степен на заштита од прашина и вода.

Може да се користи за репродукција на вашата омилена музика, но и за емитација на моторот на Ferrari 812 Superfast V12.

Како звучи во пракса и дали вреди трошокот од 150 долари, погледнете и слушнете во видеото.

Евротип
SNBROKER
To Top