Новости

Технологија

Еден од првите произведени фотоапарати е продаден на аукциа за 14,4 милиони евра

Еден од првите фотоапарати „Leica“ некогаш произведени е продаден на аукција во Германија за 14,4 милиони евра.

Прототипот „Leica 0-Series“ (сериски број 105) е стар речиси сто години и е многу редок. Станува збор за една од првите камери од 35 мм.

Уредот некогаш му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на 35-милиметарската камера Оскар Барнак.
Продажбата на аукцијата во Вечлер далеку ги надмина очекувањата. Се очекуваше уредот да чини меѓу два и три милиони евра.

Оваа двегодишна аукција се смета за најголема светска аукција на винтиџ камери и оптичка опрема.

Во 2018 година „Leica Series 0“ беше продадена за 2,4 милиони евра.

Евротип
SNBROKER
To Top